Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му рекол дека сака да отстрани само едно или две од петте нуклеарни постројки во таа земја.
– Напуштајќи го Самитот во Хамој му реков на Ким, што е многу важно, е дека тој не е подготвен за договор, бидејќи сака да се ослободи од само една или две постројки, изјави Трамп за „Фокс њуз”.
– Северна Кореја има пет постројки. Прашав што со преостанатите три. Тоа не е добро, изјави Трамп.
Самитот во Ханој, одржан на крајот на февруари, пропадна откако Трамп и Ким не успеаја да ги надминат несогласувањата околу денуклеаризацијата на Северна Кореја и олеснувањето на американските санкции. Од тогаш и билатералните преговори се во застој.
Трамп потенцира дека не биле спроведени нуклеарни проби и тестирање на проектили со долг дострел за време на дипломатските напори на неговата администрација.