Премиерот Ковачевски на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

На покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. 

Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот.

На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Треба да знаете
Последни објави