Утрово во периодот од 07:20 до 8 часот во полиција пристигнале пријави за подметнати бомби на повеќе локации, пренесуваат српските медиуми.
Според извештаите, бомби биле пријавени на два факултети во Нови Сад, три трговски центри, хотел и други објекти.
„Полициската акција е во тек. Се вршат претреси. Граѓаните се безбедни – вели извор на „Блиц“.
Во објектите кои досега биле проверени било констатирано дека пријавите се лажни.