Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 05.06.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 да присуствува, информираа од Апелација. Тие додаваат дека Боки 13 по извршена хируршка интервенција сеуште е хоспитализиран и на болничко лекување.
„Заради тоа судот насрочи нов термин за јавна седница на 10.07.2023 година во 10:30 часот за што странките и присутната јавност беа усно известени“, велат од Апелација.
Боки 13 беше опериран и му беше отстранет речиси целиот желудник, посочија докторите што му ја извршија операцијата.