Навивачите на Рома бараат Мурињо да остане во клубот

 Навивачите на италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома на последниот натпревар од сезоната истакнаа транспарент со кој го повикуваат Жозе Мурињо да остане во клубот. Португалецот гестикулираше дека нема да замине

Во последното коло од Серија А, Рома синоќа на домашен терен ја победи Специја со 2:1. На една од трибините на стадионот Олимпико за време на натпреварот беше закачен транспарент: „Само еден одговорен – Мурињо 1000 години“.

По натпреварот, шетајќи по стадионот, Мурињо гестикулираше кон теренот, што предизвика бурни реакции кај навивачите. Наводно, Португалецот навестил дека ќе остане во Рома и следната сезона.

Договорот на Жозе Мурињо со Рома е до 2024 година. Претходно беше објавено дека тренерот може да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави