Со премиерот Ковачевски штотуку го завршивме состанокот со менаџментот на Костал кои штотуку дојдоа од Германија за да ја потврдат новата, трета инвестиција на Костал во земјава, вредна 50 милиони евра.
Со вредносно партнерство, вака се гради стабилно нашата домашна економија напиша Битиќи.
Станува збор за нов инвестициски проект на „КОСТАЛ Македонија“ во Охрид за производство на полначи за електрични и хибридни возила, кој што ќе се реализира во периодот јули 2023 – декември 2026 година во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Заедно со претходните две фази, вкупните реализирани инвестиции на компанијата во Македонија ќе достигнат 150 милиони евра. Бројот на нови работни места кои ќе бидат дополнително креирани за овој инвестициски циклус ќе биде над 300 лица.