Локалната полиција во околината на Љубљана пронашла мртов маж за кој се сомнева дека е напаѓачот кој уби две лица во главниот град на Словенија. Наводно, пукањето се случило во барот „Сомбреро“. Во Љубљана околу 15 часот се слушнале истрели од огнено оружје, а локалната полициска управа соопшти дека две лица починале од прострелни рани на местото на настанот.
– Ве молиме да ги почитувате упатствата на полициските службеници за да не ја попречувате работата на итните служби, нагласи полициската управа на Љубљана.
Според неофицијални информации од СТА, сторителот наводно побегнал со автомобил, а со себе наводно имал повеќе оружје и рачна бомба. Тој го запрел автомобилот во Поље, излегол од него и потоа се самоубил.
Полицијата сè уште ја нема потврдено оваа информација.