Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска, коментирајќи го неодамнешниот вербален дуел меѓу Вашингтон и Техеран, рече дека Иран треба да се повлече од „дестабилизирачки активности” во регионот.
Според него, американските интереси се нападнати и Вашингтон ќе врати, затоа Иран треба да размисли многу внимателно за следниот потег.
– Би им кажал на Иранците да не ја потценуваат решителноста на САД, изјави Хант на маргините на Светското здравствено собрание во Женева.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска го спореди Трамп со воинствени владетели од минатото, како Џингис Кан и Александар Велики, потенцирајќи дека Иранците „опстојувале во текот на милениумите, додека агресорите исчезнувале”.