Украинската офанзива се одвива во неколку правци, дообјасни заменик-министерката за одбрана Хана Малиар за украинските медиуми.
„Не се работи само за Бахмут. Офанзивата се одвива во неколку правци. Се радуваме на секој метар. Денеска е успешен ден за нашите сили“, додаде таа.
Малиар претходно на Телеграм објави дека украинските сили изведуваат офанзивни дејствија на источниот фронт и оти напредувале во неколку правци околу градот Бахмут: во близина на населбите Орихово-Василивка, Парасковивка, Иванивске и Клишчивка, пишува Си-Ен-Ен.
„Одбранбената операција вклучува сè, вклучително и контраофанзивни акции. Затоа, во некои области се префрламе на офанзивни акции“, напиша претходно Хана Малиар на Телеграм.
„Конкретно, правецот на Бахмут останува епицентарот на непријателствата. Таму се движиме по прилично широк фронт. Успешни сме. Заземаме доминантни височини. Непријателот е во дефанзива и сака да ги задржи своите позиции“, додаде таа.