Спасувачите денеска открија две црни кутии од непалскиот авион што се урна во неделата.
Податоците од пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот може да помогнат во истрагата за утврдување на причините за падот на авионот „АТР-72“ во близина на градот Покар.
Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, рече дека црните кутии се во добра состојба, „барем однадвор“.
Во несреќата загинаа најмалку 68 лица. Спасувачите се борат со лошите временски услови и слабата видливост за да ги пронајдат преостанатите четири лица, кои се исчезнати.
Еден од патниците успеал да го сними моментот кога авионот паднал, а застрашувачката снимка можете да ја гледате во продолжение.
⚠️ Facebook live-stream by one of the passengers on the Yeti Airlines Flight 691 documents the moment the plane crashed in Nepal, killing all 72 people on board. pic.twitter.com/G9mpJsuEnE
— Upward News (@UpwardNewsHQ) January 15, 2023