Екипата на Кул Здравје е освојувач на Купот на Македонија за помлади петлиња, односно генерација 2005.
На финалниот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Кул Здравје славеше победа од 2:1 против Вардар и го освои пехарот во Купот на Македонија.
Вардар прв дојде до предност од 1:0 со голот на Јовановски по само 120 секунди игра, но сепак до полувремето Кул Здравје успеа да израмни со погодокот на Петрушевски во 27. минута. Победата за Кул Здравје ја донесе Васиќ во 78. минута.
Жолти картони им беа покажани на Серафимов, Величковски, Кулуковски од Вардар, како и на Наков од Кул Здравје.