До тај-брејкот од вториот сет се чинеше дека Новак Ѓоковиќ е во големи проблеми, бидејќи не можеше да најде решение за сервисот на Карен Хачанов.
Русинот го доби првиот сет, во вториот на свој сервис му дозволи на 36-годишниот Србин да стигне до изеднаување само три пати, а потоа целиот меч се сврте во 13-тиот гем – Ноле го доби со 7:0 и со тоа му го отвори патот кон победа и полуфинале на Ролан Гарос.
Првата брејк топка Ѓоковиќ ја доби уште на стартот од третиот сет, по точно два часа и 11 минути игра, третата ја искористи и најави крај. Тој дел од играта го доби со 6:2, во четвртиот направи брејк за 2:1 и тешко го потврди, а потоа во 8. гем го врати во живот својот ривал со неколку грешки, меѓу кои и двојна сервис на брејк топка. Но, веднаш го заборави тоа, го подигна нивото на својата игра и ги освои последните осум поени од мечот за конечни 4:6, 7:6, 6:2, 6:4.
Србинот е на два чекора од историјата и титулата неприкосновен најдобар тенисер на сите времиња. Има 22 грен слем титули, колку што има и Рафаел Надал, а доколку ја освои 23-та, ќе биде најодликуваниот досега и ќе го израмни рекорд на Серена Вилијамс во опен ерата.
Следниот чекор ќе му биде најтежок, бидејќи во полуфиналето ќе се судри со светскиот рекет број еден Карлос Алкарас или човекот што го победи во финалето во 2021 година по 0:2 во сетови, Стефанос Циципас.
Шпанецот и Гркот го играат мечот вечерва во 20.15 часот.



