Могерини и Куши потпишаа меморандум за изградба на европски универзитет во Тирана

Поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини денеска престојува во Тирана, но овојпат не како претставник на дипломатијата на ЕУ, туку за изградбата на европски универзитет во Тирана.

– Тука сум за проектот за изградба на кампус на европскиот универзитет. Сега нема да коментирам ниту за албанската политика или за институционалната динамика на реформскиот процес во однос на регионалната динамика и дијалогот во регионот. Целта е потпишаниот меморандум со кој Албанија станува дел од европскиот универзитет, рече таа.

Што се однесува до изградбата на кампусот на Европскиот универзитет во Албанија, каде таа е ректор, Могерини го смета за важен проект и оти „наша цел е да и дадеме знаење на новата генерација“.

– Ние штотуку потпишавме меморандум за разбирање што и дава можност на Албанија да биде членка на административниот совет на Универзитетот на Европа, изјави албанската министерка за образование, млади и спорт, Евис Куши.

Според Ора њуз, Куши додала дека во тек се активности да се најде соодветен простор каде ќе биде изграден кампусот на европскиот универзитет. 

Треба да знаете
Последни објави