Околу 600 волонтерски часови минаа вработените од компанијата „Џонсон Мети” по повод Меѓународниот ден на волонтерството – 5ти декември. Во шестдневната волонтерска активност, 45 вработени дадоа поддршка на заедницата, преку готвење со Ретвитни оброк и во реализација на Инклузивна прослава и кретивни работилници со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром-Трисомија 21.
„Горди сме што оваа година сме рекордери во волонтерски денови на ниво на целата групација. Успеавме да реализираме околу 600 волонтерски денови и се искачивме на врвот на листата на најбројна волонтерска екипа. Меѓународниот ден на волонтерството е многу важен ден за Џонсон Мети но и за сите наши волонтери/ки. Како и секоја година и овој ден беше одбележан со низа активности”, вели Боријан Борозанов, извршен директор на компанијата Џонсон Мети.
Компанијата донираше намирници за подготвување на оброците со Ретвитни оброк, како и сите материјали за изработка на новогодишни украси за работилниците со здружението Трисомија 21.
Вработените носат големи импресии и прекрасни искуства од волонтерските активности.