Циципас се правда по убедливиот пораз од Алкарас: Повеќе нема да дремам и да земам мелатонин пред натпреварите

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас по убедливиот пораз од Шпанецот Карлос Алкараз на Ролан Гарос во Париз, изјави дека повеќе нема да дреме пред натпреварите и да пие таблети мелатонин.

Циципас синоќа загуби од Алкарас со 2:6, 1:6, 6:7, а посилен отпор пружи само во третиот сет.

Грчкиот тенисер изјави дека има навика да дреме пред натпреварите, но по синоќешното разочарување повеќе нема да го прави тоа.

„Една работа што ќе се обидам да ја избегнам во иднина е да земам апчиња мелатонин пред натпреварите, бидејќи тоа очигледно не функционира. Мислам дека Алкарас не играше луд тенис. Дозволив да се случи тоа. Мислам дека тој не го одигра својот најдобар натпревар. Одигра одлично. Мислам дека не одигра исклучително, но одигра одлично, рече Гркот.

Тој додаде дека зема таблети мелатонин за да го регулира сонот.

„Имав неколку вечерни натпревари. Не доцна, но доволно доцна за да ми се збрка распоредот за спиење. Се прашував зошто не го чувствувам адреналинот и стресот. Се прашував тоа во мојот прв сервис гејм. Бев помирен од вообичаено. Се обидов да дремнам пред натпреварот. Околу 20 минути, што обично не го правам, што воопшто не го правам. Затоа и играв така на почетокот“, изјави Циципас.

Спиењето е многу важна работа, а опоравувањето е најважно кога се натпреварувате и играте вакви натпревари на Грен слем турнирите“, додаде грчкиот тенисер.

Алкарас во полуфиналето на Ролан Гарос ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави