Делчево денеска се соочува со вистинска хаварија, стотици објекти се наоѓаат под вода.
Не би сакале денеска да разговараме за тоа кој е одговорен, не би сакале да го споменуваме членот 13 од Законот за комунални дејности, меѓутоа владата потфрли.
Секоја чест за делчевчани, секоја чест за територијалната противпожарна единица. Од овде она кое што го гледаме, на терен се упатија и екипите на територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, доаѓа исто и единицата од Кочани, доаѓа доброволно и противпожарното друштво од Кочани, овде се да помогнат.Меѓутоа, од она кое што го гледаме на терен е дека владата треба по итно да формира тимови за поддршка и тимови за помош на делчевчани, затоа што штетата е огромна.
Во моментот, водата се повлекува, но останува многу земја и многу фекалии од канализацијата, кои што треба да бидат соодветно третирани.
Повикуваме веднаш да се донесен одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Делчево и веднаш да се формираат тимови за проценка на штетите и штетата да им биде исплатена на овие луѓе, затоа што не заслужуваат да бидат оставени на милост и немилост на времето.
Затоа што голем дел од ова вина, знаат дека и тие се одговорни за ова, меѓутоа рековме дека нема сега да говориме за тоа, секоја чест за сите кои што овде се поддржуваат, меѓусебно си помагаат. Време е и владата да им помогне на луѓето во Делчево.
Голем поздрав, со вас сме и поддршка за сите вас.