Објавен е датумот за церемонијата на доделување на „Златната топка“ која му припаѓа на најдобриот фудбалер за изминатат сезона.
Францускиот магазин „Франс Фудбал“ ќе го објави името на најдобриот фудбалер во светот на крајот од сезоната 2022/23 на 30 октомври за време на специјална церемонија во театарот „Шателе“ во Париз.
Имињата на номинираните ќе бидат објавени на 6 септември.
Во 2022 година, „Златната топка“ му припадна на напаѓачот Карим Бензема, кој играше за Реал Мадрид.
Од 2022 година наградата се доделува врз основа на резултатите од сезоната, а не според календарската година.