Докторите му соопштиле дека има само 3 месеци живот- ова го правел актерот во последните денови
Маринко Маџѓаљ роден на 21. август 1978 година во Белград, а поголемиот дел од дестството го поминал во Котор каде и израснал. Маџѓаљ дипломирал во 2000 година на Факултетот за Драмски уметности. Остварил бројни улоги во престави, филмови, а подеднакво беше успешен и како пејач и водител. На македонската јавност најпознат како член од дуото Фламингоси заедно со Огљен Амиџиќ.
Во 2005 година на Маринко му бил дијагностициран рак на панкреасот, а болеста долго ја криел од своите најблиски, чекајќи добар момент за да им ја соопшти лошата вест. Набрзо следела и првата операција, а иако во еден момент на јавноста и делуваше како состојбата да се подобрува, но вистината била поинаква.
Лекарите му соопштиле дека му останале уште три месеци живот, а тој ги искористил до последен момент. Смнимил серија во Црна Гора, одел на хемотерапија и 20 дена пред смртта се прекрстил во манастирот Острог, иако поради слабоста тој чин едвај го издржал.
Големо вниамние на јавноста привлече и неговата љубов со колешката Дубравка Мијатовиќ. Парот се запознал во средината на јули на коктел по повод снимањето на филмот „На убавиот син Дунав“. Романсата на почетокот ја криеле, но љубовта била се посилна, по година ипол врска Маринко ја запроси дубравка, а судбоноснот „Да“ го изговориле на тајната венчавка на 19. ноември 2009 година, па ја добија ќерката Сара.
Смртта на актерот длабоко ги потресе неговите колеги кои и понатаму не можат да се помират со големата загуба.