Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 3-1 во сетови, односно 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1 против Шпанецот Карлос Алкараз за пласман во финале на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ во четвртиот гем од првиот сет направи брејк и поведе со 3-1, по што Алкараз имаше неколку шанси да ја врати неизвесноста, но не успеа и Србинот го доби сетот со 6-3.
Алкараз прв стигна до брејк во вториот сет (5-3), но Ѓоковиќ во следниот гем врати со иста мера и потоа израмни на 5-5. Меѓутоа, младиот Шпанец со нов брејк стигна до 7-5.
Проблемите за Алкараз почнаа во третиот гем на третиот сет, кога побара медицинска помош поради повреда која го мачеше и во продолжение од средбата, а тоа го искористи Ѓоковиќ кој го доби третиот сет со 6-1, а потоа со ист резултат (6-1) беше подобар и во четвртиот сет.
Ѓоковиќ за титулата на Ролан Гарос ќе се бори против победникот од мечот меѓу Каспер Руд и Александер Зверев.