СДСМ денеска пред почетокот на седницата на Централниот одбор и оддаде почит на трагично починатата сопартијка Татјана Петрова.
„Сочувство до семејството, роднините, пријателите за трагично починатата Татјана Петрова, наша сопартијка и докажана активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино која денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа. Пред почеток на седницата на Централниот одбор беше оддадена почит и изразено сочувство со едноминутно молчење. Слава ѝ“, велат од СДСМ.