Прегазена велосипедистка во Прилеп, жената загина на самото место

На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, патничко возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од село Славеј удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Од добиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид  извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави