Познати составите за финалето: Лукаку на клупата, Џеко и Лаутаро ќе го напаѓаат Едерсон

Фудбалската сезона во Европа ќе кулминира со завршницата во Лигата на шампионите. „Стариот континент“ ќе добие нов владетел, а прашањето е дали Интер има сили да го запре Манчестер Сити кој сака првпат да стане европски првак. 

За финалето во Истанбул сè е подготвено. На околу час пред стартот, Пеп Гвардиола и Симоне Инзаги ги отворија картите за натпреварот. Без изненадувања, со сите расположливи адути двајцата тренери ќе тргнат во големото финале. 

Стартни состави за финалето во Лигата на шампионите:

Манчестер Сити:
Едерсон; Рубен Диас, Аке, Аканџи; Стоунс Родри; Бернардо Силва, Де Брујне, Грилиш; Халанд

Интер:
Онана; Дармиан, Ачерби, Бастони; Димарко, Дамфрис, Брозовиќ, Хакан Чалханоглу, Барела; Лаутаро Мартинез, Џеко

Финалниот натпревар на „Ататурк“ ќе биде вистински спектакл. Интер има три европски титули, последната пред 13 години со Горан Пандев во тимот, додека Манчестер Сити сака да влезе во одбраното друштво. 

Треба да знаете
Последни објави