Велосипедисти се судрија на кеј во Скопје – едниот побегнал, другиот е тешко повреден

Едно лице е тешко повредено синоќа во судир помеѓу два велосипеди на велосипедска патека на кејот на реката Вардар во Центар.

Вториот велосипедит, како што објави полицијата, побегнал од местото на несреќата.

„Вчера дојде до несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото“, велат од МВР.

Скопјанецот се здобил со тешки повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави