Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ бил уапсен откако било утврдено дека под дејство на дроги управувал мопед за кој немал дозвола, а при тоа учествувал во сообраќајка.
Инцидентот се случил пред две недели во белградската населба Врачар кога актерот со Vespa се судрил со автомобил што го управувала девојка со привремена возачка дозвола.
Во несреќата нема повредени, но причинета е материјална штета.
Трифуновиќ не одговара за сообраќајката, но било утврдено дека нема А категорија, како и дека бил позитивен на кокаин и канабис.
Потоа поради дрога бил приведен во времетраење од 12 часа.