Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа ,,Копито“ на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видео спотот кога ќе излезе. Песната е е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс, за проектот Femme Fatale.
„Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење“, рече Сара Мејс.
„Со артист кој може све, ондак не правиш ништо, особено не банални сценарија. Тие ги оставаме за оние у креативен занес. Правиме музика што ни се свиѓа и спотови у кои се забавуваме, а несакајќи све си изгледа кул“, вели Александар Ристовски – Принц.
Во ,,Копито“ Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов.Спотот се планира за крај на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.