Монтела ќе биде новиот тренер на Фенербахче

Португалецот Жорж Жесус ја заврши својата мисија во Истанбул. Во неделата го освои Купот на Турција со Фенербахче и веднаш го напушти клубот.

Турските медиуми тврдат дека нов тренер на Фенербахче ќе биде Винченцо Монтела. Италијанскиот стратег ја напушти Адана откако неодамнешната суперлигашка кампања со тој клуб ја заврши на четвртото место и за прв пат во клупската историја избори пласман на европска сцена благодарение на Фенербахче кој го освои националниот куп.

Монтела во кариерата работел во Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Севилја. Монтела Адана ја предводеше во изминатите две сезони.

Треба да знаете
Последни објави