Драма во Денвер: во масовно пукање ранети девет лица

Девет лица се ранети за време на масовното пукање во Денвер, а тројца се во критична состојба, јавува „Еј-би-си њуз“.

Осомничениот, кој исто така беше застрелан, е во притвор, се вели во соопштението на полицијата во Денвер. Се верува дека осомничениот не е во животна опасност.

Три лица се во критична состојба по пукањето, соопшти полицијата.

„Ова е сложена истрага, која е во тек. Прелиминарните информации укажуваат дека при расправија, во која учествувале повеќе лица, биле испукани неколку истрели“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Еј-би-си.

Треба да знаете
Последни објави