Се карале пред неговата куќа па по кавгата 61-годишен жител на село Подлес, во близина на Градско, вчера, убил еден а ранил уште еден велешaнeц.
Жртвите, според последните информации, попладнето дошле пред неговата куќа и имале расправија со 61-годишниот маж. Веднаш по кавгата човекот извадил пиштол и пукал кон двајцата велешани.
Тој пукајќи со пиштол убил едно од лицата а другиот бил тешко ранет.
Загинатиот 42-годишен маж е со иницијали М.Д кој од здобиените повреди починал во амбулантата во Градско, а 44 годишниот М.В со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес.
Информацијата ја потврдија и од СВР Велес.
„На 12.06.2023 во с.Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.И.(61) од с.Подлес. Околу 16.10 часот пред неговата куќа, тој, по претходна расправија, од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон М.Д.(42) и М.В.(44), двајцата од Велес. Од здобиените повреди во амбулантата во с.Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош. Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица. Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР за „Макфакс“.
61-годишниот С.И. е уапсен а на местото на настанот е извршен увид од страна на екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР.