Додека готвел му експлодирало плинско шише, тешко повреден старец од Гостиварско

Вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово било пријавено дека 80-годишниот Р.А. од гостиварско Чегране додека готвел во помошен објект до неговата семејна куќа му експлодирало плинското шише и му нанело повреди на рацете и главата.

Тој бил принесен во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави