Претседателот Пендаровски имаше средба со директорката при Европската служба за надворешни работи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ангелина Ајхорст, извршна директорка за Европа и Централна Азија при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

На средбата беа разменети информации за актуелните политички состојби во земјава и во регионот, за текот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформските процеси, како и за европската перспектива на државите од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува посветена на спроведување на неопходните реформи.

На средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на регионалната соработка во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и просперитетот на целиот регион, како и потребата за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави