ВМРО-ДПМНЕ: СДС се дотерани до ѕид, па лажат и манипулираат, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под бугарски диктат и самите се свесни

СДС се дотерани до ѕид, па лажат и манипулираат, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под бугарски диктат и самите се свесни.

По лидерската средба и самиот Ковачевски и СДС кажаа дека е неуспешна, притиснати до ѕид и незнаејќи што да прават, лажат со денови, за да купат некој ден повеќе.

СДС немаат повеќе за што да се фатат, освен на нови лаги, од ден во ден.

Наместо да спинуваат со денови, треба само да излезат и да кажат кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат. Едноставно е, ние нема да прифатиме уставни измени под бугарски диктат, единствен начин и Македонија да биде заштитена и интеграцијата да се одвива непречено е преку предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме Ковачевски да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа.

Треба да знаете
Последни објави