Во 2021 година, услугата ТикТок за размена на кратки видеа стана најпосетуваниот интернет домен во светот, наоѓајќи се пред минатогодишниот лидер Гугл, кој е дел од холдингот Алфабет, според американската технолошка компанија Клоудфлер.
ТикТок изби на прво место на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден по посети е пред Гугл, пренесува руската агенција Интерфакс.
ТикТок,претходно известуваше за повеќе од милијарда активни корисници месечно.