Британците го изгласаа својот омилен божиќен хит и ретко кој можеше да претпостави кој ќе биде победникот, а тоа е песната Killing in the Name на американската рап-метал група „Рејџ агеинст д машин“ (Rage Against The Machine).
Анкетата, направена во соработка со Nine Eight Books, беше спроведена со цел да го одбележи објавувањето на книгата со официјални број-1 божиќни синглови, која е водич за 70 божикни хитови, а на секоја песна ѝ се посветени две страници.
По тринеделно гласање, конечната битка се водеше помеѓу 2 Become 1 на „Спајс грлс“ и Killing in the Name на „Рејџ агеинст д машин“, која на крајот победи со 51% од гласовите.
Инаку, ова е продолжение на приказната од 2009 година, кога овој сингл од популарните бунтовници одеднаш стана божиќен хит благодарение на кампањата која имаше за цел да ги спречи ѕвездите на „Икс фактор“да го имаат најголемиот божиќен хит петта година по ред.