Микел Артета би можел да ја замени клупата на Арсенал со таа на ПСЖ.
Француското радио RMC објави информација дека Парижаните имале првично интервју со 41-годишниот Шпанец.
ПСЖ претходно беше заинтересиран за поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман, но тие преговори пропаднаа.
Договорот на Артета со Арсенал е до летото 2024 година.
Шпанскиот стратег, кој тренерската кариера ја почна како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, имаше извонредна сезона, која за жал Арсенал ја заврши без трофеј во сите натпреварувања, а ја изгубија и титулата, иако имаа и двоцифрена предност пред Сити.