Никола Јокиќ конечно се врати во Србија по напорната сезона во НБА-лигата, во која успеа да го освои шампионскиот прстен до Денвер нагетс.
Јокиќ пристигна на аеродромот во Белград заедно со сопругата Наталија и ќерката Огњена. Таму ги чекаше неговиот „ѕвер“ со кој заминаа кон Сомбор, а станува збор за Брабус Г63 АМГ кој вреди пола милион евра. Србинот го купи автомобилот уште во 2020 година.
Јокиќ нема да оди на одмор туку прво во недела ќе биде на коњски трки каде настапува еден од неговите коњи.