Џејмс Франко признава дека спиел со студентки, се борел со зависност од секс

Холивудскиот актер Џејмс Франко призна дека спиел со студентки од актерската школа која претходно ја водел, откривајќи дека се борел со зависност од секс и дека последниве години работи на подобрување на своето однесување.

Во извадоци од подкастот на Џес Кегл објавени во средата, Франко (43) рече дека додека предавал „спиел со студентки и тоа не било во ред“. Тој нагласи дека не ја основал академијата за да намамува жени за сексуални цели.

„Претпоставувам дека во тоа време, моето размислување беше: ако е со обострана согласност, ОК,“ рече тој во подкастот на „Сириус икс-ем“. „Во тоа време не бев со бистра глава.“

Ова се првите поопширни коментари на Франко за обвинувањата упатени против него пред речиси четири години, кога „Лос Анџелес тајмс“ објави дека пет жени го обвинуваат за однесување кое го сметаат за неприкладно.

Подоцна, во октомври 2019 година, две жени поднесоа граѓанска тужба против ѕвездата на Pineapple Express („Ананас експрес“), обвинувајќи го за искористување на аспирантни актерки во неговата сега веќе непостоечка академија и за наведување млади жени да снимаат експлицитни секс сцени.

Франко рече дека развил зависност од секс откако се отрезнил од зависноста од алкохол што ја развил на млада возраст. Во интервјуто за подкастот, тој исто така рече дека се опоравува од зависноста од секс од 2016 година и дека веќе не е тоа што бил порано.

Актерот се согласи оваа година да плати 2,2 милиони долари за да ја реши граѓанската тужба од 2019 година, според документите поднесени во судот во Лос Анџелес.

 

Треба да знаете
Последни објави