Гомез Абелјо го урна рекордот на Кирил Лазаров

Кире Лазаров долго време го држеше рекордот на фајнл-фор турнирите во Лигата на шампиони. Најдобриот македонски ракометар беше прв стрелец на завршниците, се до денеска кога Алеиш Гомез Абељо го промени сето ова.

Во битката за третото место меѓу неговата Барселона и ПСЖ дојде до бројката од 69 гола на Ф4 трунирите и официјално го надмина Кирил Лазаров, кој до оваа средба беше на врвот со еден погодок помалку.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим е во Келн, тој заедно со својот брат, Филип и синот Благојче, се во делот на посебни гости на ЕХФ.

Треба да знаете
Последни објави