Шпанија ја освои Лигата на нации, подобро шутираше пенали од Хрватска

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои Лигата на нации откако во финалето во холандскиот гад Еншеде ја совлада Хрватска со 5-4 по подобро изведување пенали. Во регуларниот тек, а и по продолженијата, мечот заврши без голови.

Двете селекции пред сѐ внимаваа да не примат гол, а тоа придонесе да има пенал-расплет.

Унаи Симон беше херојот на „црвената фурија“ откако одбрани два пенали, а Ловро Мајер и на Бруно Петковиќ, додека Ејмерик Лапорт ја погоди гредата. На крајот Шпанците дојдоа до титулата во ова натпреварување.

Третото место го освои Италија која ја совлада Холандија со 3-2.

Треба да знаете
Последни објави