Австралискиот Парламент го поддржа референдумот за признавање на домородните народи

Сенатот на Австралија денеска гласаше за одржување референдум за промена на Уставот на земјата за признавање на домородните народи, Абориџините и жителите на островите на Торес Стрејт, јави ДПА.

Референдумот ќе се одржи пред крајот на 2023. Според локалните медиуми, гласањето најверојатно ќе се одржи во октомври.

-Заедно можеме да направиме историја со признавањето и внесувањето во Уставот на Абориџините и жителите на островот Торес, напиша австралискиот премиер Ентони Албанезе на Твитер.

Министерката на домородните Австралијци Линда Барни денеска на прес-конференција изјави оти ова е еден чекор поблиску до давање глас на потребите и аспирациите на домородните Австралијци. 

Треба да знаете
Последни објави