Вчера околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од патот.
А.С. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, извести полицијата.