Денеска, (19.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работи посета на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Пелинце”, а со цел обиколка и презентација на новите рампи на станицата, донација на Меѓународната организација за економски развој во соработка со Меѓународното полициско здружение , ИПА Македонија Национална секција Северна Македонија .
Спасовски оствари работен состанок со раководството на полициската станица која изминатиов период беше предмет на реконструкција и унапредување на условите за работа на полициските службеници во пресрет на туристичката сезона и очекуваниот зголемен обем на работа.
„Реконструкцијата беше направена со донација на Меѓународната организација за економски развој во соработка со Меѓународното полициско здружение, ИПА Македонија Национална секција Северна Македонија, ИПА Регион Скопје – здружение на полициски работници, поранешни вработени во министерството и припадници на безбедносните агенции со посебни полициски овластувања, како член на Меѓународната полициска асоцијација во вредност над 617.000 илјади денари. Граничниот премин од денеска е со две нови механички рампи со далечинско управување, нов канцелариски мебел, поставени нови знамиња и јарболи, реконструиран патос и електрична инсталација, што претставува значителна реконструкција во насока на ефикасно и квалитетно извршување на работата на полициските службеници, откако објектот на полициската станица е преземен од АРМ во декември 2004 година”, истакна Спасовски.
Министерот Спасовски од страна на раководството на Полициската станица за гранични проверки Пелинце беше информиран за фреквенцијата на овој граничен премин.
„Колку се важни подобрувањето на условите за работа на полициските службеници а со тоа и нивната услуга кон граѓаните и нивната безбедност зборува фактот што во 2022 година преку овој граничен премин влез и излез оствариле 194.435 патници од кои само во туристичкате сезона јуни, јули и август биле најголем дел од патниците или 145.940 патници, домашни и стански државјани. Од почеток на годинава до 16.06.2023 бројот на патници кои поминале на овој граничен премин е 30.609 патници во очекување на поголем број од минатата година овие активности што ги правиме се во насока на забрзување на нашите услуги за патниците и граѓаните”, информираше министерот Спасовски, додавајќи дека за ова раководство на МВР еден од своите главни приоритети во својот досегашен мандат беше и ќе продолжи да биде унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, бидејќи само задоволни полициски службеници можат да испорачаат квалитетни услуги и безбедност за граѓаните.
Во оваа пригода, министерот Спасовски им врачи благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР на претседателот на Меѓународната организација за економски развој (OIDE-IODE) д-р Аднан Имери и на претседателот на ИПА Македонија Национална секција Северна Македонија, Игно Стојков.