„Имавме навистина тежок пат до ЕУ, оптоварен со билатерални прашања и со Грција и Бугарија, со долгогодишно чекање за почеток на преговорите и сметам дека сите без исклучок сметаат дека Северна Македонија заслужува да ги продолжи преговорите што ги започна минатата година и да во што најкус можен рок ги заврши и во првиот наредн бран на проширување на ЕУ да бидеме дел од тоа“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Радио Скопје.
Тој додаде дека сериозната поддршка на земја ја потврдува и изгласата резолуција во германскиот Бундестаг.
„Тие навистина го прават тоа искрено со намера да дадат видлива и јасна поддршка на нашиот евроинтегритивен пат, да испратат јасна порака до Македонците и граѓаните на Северена Македонија дека Германија стои зад нас и дека не постојат опасности по нашиот идентитет и по нашиот јазик и по се она што се наши обележја во текот на преговорите со ЕУ. Мислам дека таа порака покрај Германија ја испратија јасно и сите други претставници. Така што, за нас
имаше зборови на силна поддршка и поттик да се завршат сите обврски за да продолжиме успешно со преговорите“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека после година дена препукување и пропагадна, која нема втемеленост во реалноста за некаква бугаризација и асимилација, треба власта и опозицијата да седнат и да разговаат за реалните потреби и обврски за остварување на националниот интерес.
„Ова сето го правиме ние не за да задоволиме некој друг или за да оствариме или исполниме нечија желба или диктат, ова го правиме како влог во нашето членство во ЕУ, односно влог во остварувањето на една од нашите стратешки цели, тоа е членство во ЕУ“ рече Маричиќ.
Според него добро е што се надмина линијата на табу за гласањето на уставните измени и дека сега треба да се разговара за тоа како ќе се изведат тие.
„Добро е што се премина таа линија и дека не е повеќе табу да се гласа за уставните измени.
Од друга страна, сите барања или сите очекувања или услови на господинот Мицкоски се вредни за разгледување, оние кои што имаат втемеленост во реалноста, односно оние кои што се движат во преговарачката рамка. Одложеното дејство на уставните амандмани излегува од преговарачката рамка и не враќа повторно на маса да преговараме од ново и со ЕУ и со Бугарија околу условите. Тоа секако значи враќање многу чекори назад и мислам дека тоа не ни треба, но за сите други прашања околу формулата дали би влегле во широка Влада, кога, под кои услови, со кого, сето тоа е вредно да се разговара доколку тоа помага во ставот на ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени“ рече Маричиќ