Како дополнителна мерка во борбата против комарците, Градот Загреб наскоро за прв пат ќе ослободи 100.000 стерилни мажјаци увезени од Италија.
„Што значи дека ако се побројни, тие ќе ги оплодат женките, кои потоа ќе произведат јајца кои нема да доведат до потомство и на овој начин биолошки би го намалиле бројот на тигрести комарци присутни во една област“, опишала Ана Клобучар од НЗЈЗ.
Градот Загреб годинава одвои 384.000 евра за борба против комарците. Дел од овие средства се наменети за едукација на граѓаните.
„На некој начин да се информираат граѓаните за важноста од отстранување на контејнерите со вода во текот на летните месеци бидејќи најефективниот метод е да се отстранат местата за размножување комарци“, рече Драган Грубиша од Одделот за здравствена екологија на Град Загреб.