Струга против Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампиони

Македонскиот фудбалски првак Струга ќе игра против литвански Жалгирис во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Македонскиот шампион својот дебитантски натпревар во елитното европско клупско натпреварување ќе го игра во Вилнус на 11 или 12 јули, додека реваншот е по седум денови на домашен терен.

Поразениот тим ќе ги продолжи настапите во второто квалификациско коло во Лигата на конференции.

Фудбалерите на Струга ја завршија сезоната во Првата македонска фудбалска лига на лидерското место и првпат во клупската историја ја освоија шампионската титула. 

Треба да знаете
Последни објави