СДСМ: Реваншизмот и партизацијата на институциите се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на лажни вести и невистини.

Според официјалните податоци на надлежното министерство, не е точно дека решението за престанок на работниот однос на Цветан Трипуновски  е поради неговата партиска определба. Тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Низ законска, транспарентна постапка утврдено е дека Трипуновски со своето однесување го прекршил Кодексот за административни службеници и на јавни настапи пренесувал информации и податоци кои произлегуваат од делокругот на работата на Министерството во форма шпекулации, инсинуации и измислици во политички контекст.

Со тоа, како што е соопштено, Трипуновски ја нарушувал довербата на граѓаните во институциите и во системот.

Заврши времето на реваншизам и партизација што беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, државните институции работат независно, професионално и во интерес на граѓаните.

Сите вработени во државната и јавната администрација мора да работат одговорно и законски и единствено во интерес на државата, а оној кој ќе направи прекршувања одговара пред законите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави