Плејбој-моделката и поранешна американска борачка Ешли Масаро трагично почина минатиот четврток во својата куќа во Њујорк, на возраст од 39 години.
Нејзиниот мозок ќе се донира на невронаучниците кои ќе истражат дали Ешли страдала од хронична трауматска енцефалопатија (ЦТЕ), која може да се дијагностицира само по смртта. Масаро, заедно со 60 други професионални борачи, ја тужеше борачката организација WWE во 2016 година, обвинувајќи ја за невролошки проблеми предизвикани во рингот од чести удари на главата и прикривање на потенцијални опасности.
Тужбата беше одбиена од страна на судијата на Конектикат, а беше поднесена жалба за која треба да се одлучи до 8 јули.
Во нејзиниот дел од тужбата, Масаро изјави дека таа претрпела бројни повреди и неколку потреси на мозокот и рече дека WWE не ги подготвувала добро за борбата, ниту, пак, обезбедувала соодветна грижа по повредите, пишува „Њујорк пост“.
Затоа, важно е да се испита нејзиниот мозок, вели адвокатот кој ја претставуваше во тужбата, Константин Кирос, и додава дека на уште шест борачи што ги застапувал им бил дијагностициран ЦТЕ по смртта.
Кирос побара дозвола за донирање на мозокот од нејзината мајка и сестра.
„Тие беа малку вознемирени, но тоа беше желба на Ешли”, рече тој.