Мерко го замрзна членството во ДУИ, партијата бара истрага против струшкиот градоначелник

ДЕМОКРАТСКАТА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА го поздравува партнерството со САД и ги
почитува нивните политички гледишта и одлуки.
Соединетите Американски Држави се нашиот најважен стратегиски партнер и ние во
Демократската Унија за Интеграција ги поздравуваме и ги почитуваме нивните политички
гледишта и одлуки.
ДУИ има јасни ставови во однос на владеењето на правото, борбата против
корупцијата и работата на носителите на партиски и јавни функции, ставови кои се веќе
претворени во формални одлуки на Партијата, како што се:
⁃ Одлука 34/16 на Централниот Претседателство на ДУИ за задолжителен ВЕТИНГ на
секој носител на партиска и јавна функција, претпочитајќи со меѓународна подршка и,
⁃ Одлука 35/16 на Централниот Претседателство на ДУИ за итна институционална
верификација на сите јавно изразени сомневања за носителите на јавни и партиски
функции во ДУИ.
Според овие одлуки на партијата, ДУИ ја информира јавноста дека:

  1. ДУИ бара од институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за г-дин Рамиз
    Мерко за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од одлуката на стејт
    департментот;
  2. ДУИ ја прифаќа одлуката на г-ин Рамиз Мерко за замрзнување на членството во
    претседателството и Генералниот Совет на партијата додека истрагата не заврши;
  3. ДУИ ја прекинува партиската изборна активност во Општина Струга сè додека не
    се создадат нови услови за нивна организација.
    Демократската унија за Интеграција повторно ги повикува државните институции
    во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага против сите политички
    партии, започнувајќи од раководствата на партиите до најниските нивоа.
Треба да знаете
Последни објави