Помладите петлиња (генерација 2005) на ФК „Кул Здравје” од Кисела Вода го освоија Купот на Македонија. Тие на тренинг – центарот „Петар Милошевски” во финалната пресметка против екипата на „Вардар” со победа од 2-1 го освоија пехарот.
Победничките голови за ФК „Кул Здравје” ги постигнаа: Стефан Петрушевски и Даниел Васиќ.
-За нашите фудбалери освојувањето на Купот на Македонија е голем мотив за уште подобра работа и уште поголеми успеси во младинските категории во нашата држава – изјавија од клубот од Кисела Вода.