Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Мекарти.
Како што информираат од опозициската партија, на средбата биле потврдени добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ и соговорниците се согласиле за понатамошна продлабочена соработка.
Мицкоски го информирал Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.
На средбата се дискутирало и за актуелната политичка состојба, предизвиците и реформските процеси.
Претседателот на опозициската партија на средбата посочил дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет да ги спроведе истите.