Вистински хаос вечерва се случува во Русија. Земјата е на раб на воен удар, откако Пригожин, шефот на групата Вагнер, се закани дека доаѓа кон Москва и ќе му се одмазди на режимот на Путин, бидејќи Кремљ наводно ги погодил неговите воени бази.
Според информациите на социјалните мрежи, силни експлозии се слушаат во рускиот град Курск.
Путин донесе оклопни возила на улиците на Москва. Руската безбедносна служба ФСБ ја повика групата Вагнер да не извршуваат криминални и предавнички наредби по барање на Пригожин и да преземат чекори за негово апсење.
Русија отвори кривична истрага против водачот на групата под обвинение дека повикувал на воен удар.
На Русите официјално им е забранет пристапот до Google News.